Насловна / Градежништво / Грандиозност на Сава

Грандиозност на Сава

sava_belgrad_most_thumb.jpgМостот на Сава представува најзначаен елемент на внатрешниот магистрален полупрстен (УМП) од проектот за изградба на полукружната градска сообраќајница, која има за цел намалување на сообраќајниот метеж и дислокација на сообраќајот од центарот на градот. Останува да се види дали грандиозниот мост ке ја оправда својата цена, која според различни процени се движи од 120 милиони евра дури до 500 милиони евра, и која веке долго време ја подвојува јавноста во Белград.

Белград ќе добие нов мост.
После повеќе од 40 години,
откога друмскиот Мост Газела
е отворен за сообраќај, Белград
добива нов мост популарно
наречен „мост на Ада“. Градот,
кој по последниот попис на
населението има околу 1.700.000
жители, доживеа права експанзија
на моторни возила во последните
десетина години. Според некои
процени тој број се искачил од
200.000 на 500.000 возила, додека
инфраструктурните капацитети
останале исти. И покрај многуте
планови, Белград никогаш не
изгради независен шински систем
на сообраќај – метро, а капацитетот
на градската железница никогаш
не заживеа со полн капацитет и
претставува еден вид транспорт
кој белграѓани ретко го користат.
Заради сето ова, транспортот
во Белград, кој првенствено се
заснова на друмски сообраќај,
доживеа колапс. Не ретки се
сликите на метеж на главните
сообраќајници и колоните возила
по неколку километри. Мостот на
Ада претставува најзначаен елемент
на внатрешниот магистрален
полупрстен (УМП) од проектот за
изградба на полукружната градска
сообраќајница, која има за цел
намалување на сообраќајниот
метеж и дислокација на сообраќајот
од центарот на градот.

sava_belgrad_most_1.jpg
Изгледот на мостот е избран
на меѓународен конкурс во
2004 година. Во конкуренција
од 11 фирми победи идејното
решение на словенечката фирма
„Понтинг“. Дирекцијата за градежно
земјиште и изгрдба на Белград,
која е инвеститор на проектот
(кофинансиран од град Белград и
Европска банка за реконструкција
и развој), избра конзорциум од
три компании: австриски „Пор“
(Porr), словенечки СЦТ (SCT) и ДСД
од Србија. Главното обележје на
мостот претставува единствениот
пилон со коси кабли висок 200
метри. Во долниот дел на пилонот
постои отвор низ кој ќе поминуваат
трамваи. Тој ќе биде најголем мост
со еден пилон во Европа. Вкупната
должина на мостот е приближно
еден километар, со два асиметрични
распони бидејќи пилонот не се
наоѓа на средината од мостот,
туку заради конфигурација на
теренот е поставен поблиску
до десниот брег на Сава.

Заради асиметричната позиција
на носечкиот пилон, распоните со
различна должина се направени
на два начина. Пократкиот
распон, 200 метри долг сегмент
е направен од преднапрегнат
армиран бетон , додека подолгиот
распон, со должина од 376
метри е челична конструкција.
Мостот е проектиран да има шест
ленти за друмски сообраќај, два
колосека за лесен шински систем,
како и две патеки за пешаци
и велосипедисти. Резултатот
од сето ова е што гредата има
ширина од 45 метри, а стандардот
за мост со шест ленти е околу
28 метри. sava_belgrad_most_2.jpgПилонот на мостот е
висок 200 метри и е составен од
два дела, бетонски до 175 метри
и 25 метри метален шилец од
не’рѓосувачки челик. Металниот
шилец нема конструктивна
улога, туку служи како природен
завршеток на пилонот со конусна
форма. Бетонскиот дел од кулата
е направен од 39 сегменти чии
обем со висината се намалува,
давајќи му притоа на пилонот
конусен изглед. Во темелот на
долната плоча обемот е 16 метри,
додека на врвот од бетонската
конструкција, на 175 метри
висина, обемот изнесува само
4 метри. Отворот во пилонот,
конструиран како две нозе кои
од темелот одат во висина и се
спојуваат на 98-от метар, служи
за поминување на шински возила.
После спојувањето на нозете од
мостот, од 98-от метар, се косите
кабли како потпора на гредата
од мостот. За поставување на 80
кабли ќе се потрошат 1.280 тони
челик. Посматрајќи ги сличните
примери на мостови со коси кабли
и само со еднен пилон, мостот на
Ада ќе биде најголем асиметричен
мост со коси кабли во светот.

Мостот на Ада, покрај својата
главна функција на најзначајниот
дел на УМП – намалување на
сообраќајните проблеми во
Белград и поврзување на двата
брега на Сава на многу битен
дел, има и улога во креирањето
на нова слика на Белград.
Покрај добро познатите примери
од минатото, кога градбите
стануваат симболи на градовите
(на пример, Ајфеловата кула во
Париз), некои современи градови
ја користат архитектурата со
цел промовирање на сликата на градот, кое пак може да им
донесе повеќекратна корист.
Најпознат современ пример е
музејот Гугенхајм во Билбао,
дело на американско-канадскиот
архитект Френк Гери. Музејот,
отворен кон крајот на 1997 година,
стана светски феномен, што
малото и релативно непознато
шпанско место Билбао го смести на
светската сцена. Билбао за кратко
време доживеа прав економски
процут, првенствено како резултат
на повеќекратниот зголемен број
туристи и ноќевања во градот. Тоа
беше еден од најбитните фактори
за економски развој и на останатите
стопански гранки кои не се во
директна врска со туризмот.

sava_belgrad_most_3.jpg
Мостот на Ада претендира да
стане еден од симболите и една
од новите икони на Белград. Ако
се исклучат обновената кула на
Авала, Палатата Белграѓанка,
Храмот Св.Сава или статуата
на белграскиот Победник на
Калемегдан, на Белград му
недостасува објект кој ќе биде
прва асоцијација за градот. Како
што Ротердам со мостот Еразмус
доби нов симбол, главно обележје
на градот, така и Белград има
шанса да добие нова икона во
вид на мостот на Ада. Мостот што
претставува инженерски подвиг,
најголем мост со еден пилон во
Европа, кој со своите димензии
ги надминува сличните мостови
и доминира со панорамата на
Белград, секако има потенцијал
да биде еден нов симбол.

Дали наскоро ќе гледаме луѓе
кои носат маици со стилизираниот
мост на Ада над кој ќе пишува
Белград, дали на логоата на
идните белградски случувања од
меѓународно значење ќе се наоѓа
мостот на Ада наместо статуата на
Победникот, и дали во туристичките
публикации за Белград ќе се
најде едно од најзначајните
знаменитости, останува да се види
во иднина. Кога ќе биде завршен
и отворен мостот на Ада, ќе се
види дали тој ја исполнил својата
основна функција – растоварување
на другите белграски мостови и
намалување на сообраќајниот
хаос, кои во Белград се редовна
појава последниве десетина
години. Планирано е првите возила
да поминат преку мостот на 15
декември оваа година, додека
севкупната инфраструктура во вид на сите пристапни
сообраќајници ќе биде готова во
текот на 2013 година. Останува
да се види дали грандиозниот
мост ќе ја оправда својата цена,
која според различни процени
се движи од 120 милиони евра
дури до 500 милиони евра и која
веќе подолго време ја подвојува
јавноста во Белград и Србија.

Според едни, мостот на Ада
е прескапа инвестиција која не
можат да си ја дозволат и многу
побогати земји, додека според
други, мостот на Ада е потреба
за градот, скапа но рационална
и исплатлива инвестиција од
која Белград ќе има корист во
следните децении. Архитектот
Брана Јовин, раководител на
проектот „Метро Београд“ (1973-
1982), смета дека изградбата на
мостот на Ада е голема грешка.
Во претходните интервјуа, тој
тврдеше дека сообраќајниот колапс
нема да се реши со „изградба на
баснословно скапи нови градски
магистрали за автомобили“ туку
со проект за метро и железница.
Покрај критиката за функцијата
на идниот мост, тој ја критикува и
цената на проектот, сметајќи дека
требало да се изгради поскромен,
а со самото тоа и поевтин мост.

Од друга страна, претседателот
на Српската академија на наука
и уметност, инженер Никола
Хајдин смета дека сообраќајот
во Белград ќе биде растоварен,
дека граѓаните ќе добијат нова
алтернатива за преминување преку
реката и нов симбол на Белград.
Исто така, смета дека цената од
120 милиони евра е примерна затоа
што „мостот вреди секој динар
колку ќе биде платено за него“. И
конечно мостот не може да стои
сам, туку се потребни и пристапни
сообраќајници кои го сочинуваат
значителниот дел од трошоците.
Додека едни поминуваат покрај
градилиштето на мостот и мислат
како Белград конечно добива
нов мост, градежно ремек-дело,
кое ќе им го намали времето на
патување од едниот до другиот
дел на градот, а други прашуваат
зошто градиме нешто толку скапо,
колку генерации ќе го отплатуваат
тоа и дали е мостот решение
за сообраќајните проблеми во
Белград, мостот на Ада добива
свој конечен изглед – грандиозен
мост, нов симбол на Белград.

 

 

(Специјално за Порта3 од Белград)

 

М-р. Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top