Мигинго е мал остров кој се наоѓа во езерото Викторија, на граница помеѓу Уганда и Кенија.
Островот е со површина 2000 квадратни метри, но на него се изградени многу куќи, па повеќе потсетува на метална желка отколку на рајско острово на кое може да се ужива во мир и тишина, што прво паѓа на памет кога ќе се спомене живот на далечно острово.
Кениските рибари Далмас Тембо и Џорџ Кибебе, тврдат дека се првите жители на островот. Кога се населиле во 1991. година, бил покриен со коров и имало многу птици и змии. Јосеф Нсубуга, рибар од Уганда, вели дека се населил на Мигинго во 2004. година, кога на островот нашол напуштена куќа. Потао дошле и други рибари од Кенија, Уганда и Танзанија, поради близината на места со многу риба и нилски коњи.
Жителите на Мигинго се многу густо населени, но и покрај тоа што местото каде што живеат е многу мало, се нашло простор за канцеларија за предавање на уловот, неколку барови, билијард, бордел и мало пристаниште.
Според пописот од 2009. година, Мигинго има 131 жител.