Насловна / Вести / Валентина Терешкова ја излажала мајка си дека оди на натпревар и отишла во вселената

Валентина Терешкова ја излажала мајка си дека оди на натпревар и отишла во вселената

Валентина Владимировна Терешкова (6. март 1937. годинa во Маслениково, Русија) е руска политичарка и космонаут. Таа е првата жена во вселената, откако го поминала процесот на селекције на повеќе од 400 жени кои се пријавиле за летот. Од космодромот Бајконур во денешен Казахстану на 16. јуни 1963. година лансирана е во вселената во бродот „Васток 6“. За речиси три дена во вселената направила 48 кружења околу Земјата.

Пред да стане космонаут Терешкова работела во фабрика за текстил, а аматерски се занимавала со падобранство (имала 163 скока со падобран).

vali1

За Терешкова се знае речиси се, таа е дел од многу светски учебници по историја, но една приказна не сме ја слушале на час. Девојките често знаат да ги излажат родителите за тоа каде одат за да уживаат на некоја забава. Валентина Терешкова одлучила да и ја премолчи вистината на својата мајка за тоа каде се упатила кога тргнала во вселената. Терешкова на денот кога станала прва жена космонаут на мајка и и рекла дека дента ќе учествува на натпревар за спуштање со падобран. Набрзо потоа Елена Фјодровна Терешкова слушајќи радио дознала дека нејзината ќерка ја напуштила нашата планета.

Терешкова продолжила да работи како инженер во вселенската индустрија, во меѓувреме 1969. година дилпмирала на Војната воздухопловна акдемија. Таа е и доктор на науки и автор на повеќе од 50 научни труда. Примила многубројни награди, прогласена е и за херој на Советскиот Сојуз и носителка е на највисоки државни почести. По Валентина Терешкова е наречен и еден од кратерите на Месечината, а во 2000. година прогласена е за жена на столетието.

vali2

Испрати коментар

Scroll To Top