Проектите што излегуваат од филмовите за научна фантастика веќе не се новина. Има такви кои ја гледаат иднината поинаку, но можно е да се реализираат, но и онакви што се интересни и можни само на хартија. Сепак, архитектите и дизајнерите не престануваат да изненадуваат. Една од компаниите што неодамна го претстави проектот за иднината, се XTU architects. Нивниот проект, наречен „x_lands“, се занимава со тоа што да се прави со сите офшор нафтени платформи изградени во минатиот век, кои беа користени за управување со бушотини и искористување на природните ресурси на Земјата.
Апетитот на човештвото за фосилни горива има огромно влијание врз природното опкружување, но како што ерата на нафтата се приближува кон крајот и свеста кај луѓето станува се поважна, како и употребата на обновливи и позелени извори на енергија, оваа фирма сугерира дека треба да се занимаваат со нафтените платформите и нивно прилагодување во согласност со одржливиот развој.
Нафтените платформи се огромни структури кои имаат интересен потенцијал за адаптација. Така размислувале и во компанијата XTU architects кои го дизајнираа проектот со претворање на индустриските постројки во поетски и егзотични станбени објекти.
Проектот „x_lands“ е замислен во форма на „меури за домување“ или контејнери за домување каде секој додава бујно зеленило во индустриските структури и внесувајќи живот. Проектот има за цел да биде „одржлив пат за утре“ и има за цел да укаже на ново спроведување на изградени објекти што повеќе нема да се користат.