Насловна / Архитектура / Рачно изработен брановиден дрвен покрив на луксузна вила

Рачно изработен брановиден дрвен покрив на луксузна вила

„Долунај вила“ се наоѓа на егејскиот брег во југозападната турска провинција Мугла. Оклопните дрвени покриви и стаклени sидови кои овозможуваат зачудувачки поглед на морето се она што ја карактеризираат оваа луксузна приватна вила. Проектот го завршија Foster + Partners.

vila
Изградбата е почната во 2016 година и неодамна е завршена. Вклучува главна куќа, која е сместена во медитеранска градина, помала летна куќа и гаража. Располага со три спрата и зафаќа површина од 1.064 квадратни метри.
Највпечатливо за вилата е рачно изработениот брановиден дрвен покрив во арт-деко стил инспириран од Miami Apple Store, направена во соработка со швајцарската компанија Blumer Lehmann. Кровните греди од даб се поставени на челични столбови, додека конзолата од 7,5 метри обезбедува сенка.

vila1
Главниот влез води директно во центарот на куќата. Приватните простори, како што се спални соби и бањи, се на источната страна, додека дневната соба и трпезаријата се на запад и овозможуваат зачудувачки поглед на Егејското Море благодарение на застаклувањето од подот до таванот. Повеќето застаклување е направено од sидови, но има врати што можат да се отворат за да се овозможи ветрето да навлезе во внатрешноста.

vila2
Дејвид Самерфилд од Foster + Partners вели дека за компаниите кои работат на глобално ниво, како што е неговата, не било специфично да работат на проекти од приватни куќи, но биле фасцинирани од локалниот пејзаж. Соодветно на тоа, сакале таа надворешност да се истури низ внатрешните простори и ефикасно да се „маскира“ во зградата. Во текот на летото е неверојатно жешко, па целта беше зградата да може природно да „дише“.

vila3
Организираните отворени дворови во куќата овозможуваат морското ветре да се движи полека низ вилата. Сите овие се едноставни идеи кои се собрани на елегантен начин да се создаде луксуз.
Ентериерот е со супериорен дизајн и е изработен од камен, дрво и бронзени материјали. Она што се издвојува е извиткано скалило изработено од португалски варовник, поткрепено со кабли што поминуваат низ каменот, така што нема видливи потпирачи, додека држачите се направени од тенки стаклени цевки со дрвена рачка што е свиткана и обликувана на самото место.

vila4

Испрати коментар

Scroll To Top