Насловна / Вести / Големиот австралиски корален гребен бледнее по трет пат

Големиот австралиски корален гребен бледнее по трет пат

Најголемиот светски корален гребен, Големиот австралиски гребен, го претрпе третиот и најголемиот инцидент, оштетен од феномен познат како „белење на корали“. Трет пат по пет години. Штетата, според експертите, се должи на климатските промени и високите температури.

greben2
Коралниот гребен е долг околу 2.300 километри и е од големо значење за науката. Управата на морскиот парк „Голем корален гребен“, кој го надгледува гребенот, потврди дека коралите ја изгубиле својата боја на големи површини.
Светски познатиот нуркачки центар беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1981 година, но доживеа три сериозни инциденти на белење на корали во последните пет години. Последната катастрофа со корални гребени се случи по годинашното топло лето, една од најжешките последниве децении.

greben1
Областите на јужниот гребен биле оштетени во текот на 2016 и 2017 година, кога биле уништени многу морски живеалишта.
“Според резултатите од воздушните фотографии експертите сметаат дека коралниот гребен ќе се опорави “, истакнува научникот Дејвид Вакенфилд и додава дека северните и централните делови на гребенот, кои имаат туристичко значење, само малку се избелени и дека гребенот е сè уште жив.

greben
ООН предупредија дека околу 90 проценти од светските корали ќе исчезнат ако температурата на планетата се покачи за уште 1,5 степени.
Властите велат дека е поважно од кога и да било да се води грижа за влијанието на луѓето врз океаните, истакнувајќи дека „климатските промени остануваат најголемиот предизвик за гребенот“.

Испрати коментар

Scroll To Top