Насловна / Архитектура / Ридестиот музеј, ново обележје на градот

Ридестиот музеј, ново обележје на градот

00-henning-larsen-moesgaard-museum

Новиот музеј Moesgaard е проект на Henning Larsen Architects и е уникатно сместен на ридест терен во Skåde, Данска.

Со неговиот терасест кров од трева, мов и цвеќиња во светли бои, објектот го прави моќно визуелното обележје кое е видливо и од море и од копно.

Правоаголната форма на покривот како да расте од пејзажот, така што преку летото се формираат места за пикник, скара, предавања и други активности кои корисниците самоиницијативно ги организираат. Но, кога ќе падне снег во зима, кровот се трансформира во голем лизгачки тобоган.

Ентериерот на зградата е дизајниран како разновиден терасест пејзаж инспириран од археолошки ископи каде постепено се откопуваат слоеви низ историјата и се изложуваат изгубените градови. Посетителите можат да се движат низ живописните изложби и научните екперименти- како патувачката временска машина.

Со своите светли дворови, терасите и малите пештерски простори, музејот повикува нови и алтернативни видови на изложување. Во срцето на зградата се наоѓа фоаје со кафетерија и надворешни сервиси. Од фоајето, терасестото подземје се отвора кон светлината што доаѓа од покривот и има импресивен поглед кон заливот Århus.

07_henning-larsen-moesgaard-museum 06_henning-larsen-moesgaard-museum 05_henning-larsen-moesgaard-museum 04_henning-larsen-moesgaard-museum 03_henning-larsen-moesgaard-museum 02_henning-larsen-moesgaard-museum 01_henning-larsen-moesgaard-museum

09_henning-larsen-moesgaard-museum 08_henning-larsen-moesgaard-museum

Испрати коментар

Scroll To Top