Насловна / Вести / Енергетската заедница со порака до Западен Балкан: Разбудете се!

Енергетската заедница со порака до Западен Балкан: Разбудете се!

Пред 15 години, Енергетската заедница е основана како главен мехнаизам за интеграција на енергетските пазари на земјите кои не се членки на Европската унија, во единствениот енергетски пазар. Во последните две години, ЕУ ја интензивира својата политика на декарбонизација, а договорните страни на Енергетската заедница не успеваат да фатат приклучок. Јазот помеѓу двете групи во однос на енергетските политики засега е речиси непремостлив. Еден од приоритетите на Енергетската заедница е помош за земјите од Западен Балкан во нивната транзиција кон одржлива и нискојаглеродна енерегeтска иднина. Ова е голем предизвик, бидејќи сите земји со исклучок на Албанија, во голема мера зависат од јагленот. Со цел да се поттикне дебата за реформите, направена е анализа за директните и одредени индиректни субвенции за производството на електрична енергија од јаглен во земјите од Западен Балкан. Таа покажува дека јагленот добива значајни субвенции кои го нарушуваат пазарот, шемите на потрошувачка и долгорочната одржливост на енерегeтските системи.  Директните субвенции надминуваат половина милијарда евра во периодот  2015-2017, и што е уште полошо, тие се значително повисоки по единица инсталирана моќност, отколку што тоа е случај за обновливите извори на енергија. Индиректните субвенции, исто така имаат голема улога. Во студијата нарачана од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница,  анализирани се два вида на субвенции: работењето со ниска или негативна стапка нa профитабилност и неплаќање на такса за емисиите на CO2 (по претпоставена цена од 20 евра по тон), што достигнува речиси една милијарда годишно во земјите од Западен Балкан. Сигурноста во снабдувањето  често се идентификува како причина за ова status quo, и оправдување за да се продолжи со производство во застарените електрани кои не ги исполнуваат стандардите за емисии.  Студијата заклучува дека начинот на кој електроенергетскиот систем може да одговори на барањата нема да биде загрозен доколку пазарите на електрична енергија во целост бидат интегрирани, и доколку постепено се воведува т.н преодна такса за емисијата на CO2. Постепеното воведување на преодни такси за  CO2  би било на сила до стапувањето на земјите во ЕУ, кога би се започнало со плаќање на полната такса за CO2 емисијата.

Neurath Power Plant Rated Germany's Biggest CO2 Emitter

Се истакнува примерот на Црна Гора, како единствена договорна страна која воспоставила цена за емисии на  CO2 (24 евра по тон). Сите останати сеуште се воздржуваат од оваа мерка.  Актуелната криза со COVID-19,  која ги намали цените на емисиите на CO2 на пазарот на ЕУ, пружа прилика за воведување на вакви мерки и во земјите од Западен Балкан. Новите приходи би биле користени за енерегетска ефикасност или други „зелени“ мерки, со што би се придонело за брзо економско опоравување. Особено е важно, постепено да се укинуваат директните и индиректните субвенции за јаглен и пренасочување на заштедените средства кон добро осмислени мерки за намалување на енергетската сиромаштија.

„Се работи за шанса која можеби е последна. Во наредните месеци и години, економиите ќе бидат преплавени од државни субвенции, со цел ублажување на последиците од кризата. Таа помош би требало да биде насочена кон технологии ориентирани кон декарбонизација, а не за одржување во живот на застарените електрани на јаглен. Сега сме во криза. Но, во секоја криза постои и прилика. Без оглед на патот кој ќе го изберат, на владите е да одлучат во наредните неколку месеци. Таа одлука ќе има долготраен ефект на иднината на нивните граѓани,“ велат од Секретаријатот на Енергетската заедница.

enc2

enc3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top