Насловна / Дневни Вести / Градежниците чекаат повеќе договори

Градежниците чекаат повеќе договори

zavod_za_statistika.jpg

Скопје – Економска состојба во градежните фирми во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани е поповолна, оценуваат раководителите на деловните субјекти во градежништвото.

Во тие фирми финансиската состојба во вториот квартал во однос на првиот, како и во споредба со истиот квартал минатата година, се подобрила, објави Државниот завод за статистика.
Раководителите во второто тримесечје од годинава се со поповолни очекувања за бројот на вработени во наредниот период. Нивната оценка за сегашната состојба со порачки е поповолна во споредба со претходното тримесечје. Бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму е незадоволнителна и поднормалата, но со тенденција за подобрување.
Во наредниот период раководителите на градежните фирми очекуваат продажните цени да се намалат и да се зголемат вкупните порачки (договори).
Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат немањето доволна побарувачка со 19 проценти, зголемените трошоци за материјали со 18,2 проценти, недостигот на опрема со 13,3 проценти и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11,1 процент. (МИА) 

Испрати коментар

Scroll To Top