Насловна / Архитектура / Архитектот Мајкл Соркин почина од коронавирус

Архитектот Мајкл Соркин почина од коронавирус

Американскиот архитект и критичар Мајкл Соркин (2. август 1948. – 26. март 2020.) почина во 71. година од компликации предизвикани од коронавирусот.

Соркин беше американски  архитекта, урбаниста, писател и автор на голем број книги за архитектонската теорија и урбанистичкото планирање. Важеше за единствен, провокативен и полемички глас во современата култура и дизајнот на урбани места на преодот во 21. век. Тој беше запазен професор во многу архитектонски школи, остар архитектонски критичар за весникот The Village Voice и колумниста во многу публикации. Бил и директор на постдипломскте студија за урбан дизајн на City College of New York, a ќе се памети и по неговата работа во непрофитната изтражувачка група Terreform. Тој беше и главен директор на студиото Мајкл Соркин (Мichael Sorkin Studio).

portret

Студио Мајкл Соркин во Њујорку, првенствено е фокусирано на професионална пракса во доменот на јавниот, урбан живот и простори. Ги работел просторните планови на Хамбург и предложил мастер планови за престолнината на Палестина во Источен Ерусалим, крајбрежјето Бруклин и плоштадот Квинс Плаза во Њујорк . Неговите урбанистички студии биле излагани јавно, а 2010. година ја добива наградата на Американската академија на уметности и литература во областа архитектура. Соркин редовно се претставувал на регионални, национални и меѓнародни конференции, работел како советник и член на жири во  бројни одбори, вклучувајќи го конкурсот за проект на Гугенхајм музејот во  Хелсинки (Тhe Next Helsinki), Ага Кан фондација за кулутура Ага Кан награда за архитектура (Aga Khan Award for Architecture), награда за дизајн Крајслер ( Chrysler Design Award,”„Дел на Град Њујорк” (The New York City Chapter) на Американскиот институт за архитектура (American Institute of Architecture), Архитектонската лига на Њујорк (Architectural League of New York), додека во областа на проектирањето бил колумниста и писател за Кор 77 (Core 77).

malesia

врвовите Пенанг, Пенанг, Малезија

Избор на проекти

1994: Мастерплан за брегот на Брооклин

1994: Предлог за јужното подрачје (Südraum) Лајпциг

1998: Алтернативни мастерплан за кампусот на Универзитетот во Чикагу

2001: Предлог на обнова на подрачјето Арверн на Рокавеј полуострвот, Квинс, Њујорк

2001: План за Долен Менхетн

2004: Проект за врвовите Пенанг, Пенанг, Малезија

2005: Мастерплан за Новиот град Чунгчеонг, Chungcheong, Јужна Кореа

2009: Хотел со седум ѕвезди: Облакодерот Тјенцин, Тјенцин, Кина

2010: Студија на случај: Ранење на Њујорк воЊујорк (Feeding New York in New York).

2010: План за Долен Менхетн Изложба: Нашите градови лично: Иднината на превозот во градскиот/ урбаниот живот (Our Cities Ourselves: The Future of Transportation in Urban Life), Center for Architecture, Greenwich Village, Њујорк

2012: Концепт за аеродромска деловна зграда во Си’ан, Кина

2013: 28+: МОМА PS1 Rockaway

2013: Анкета за локација на фудбалски стадион во Њујорк

2013: Алтернативен предлог за Универзитет во Њујорк (NYU)

2016: Култура на храка (Golden Oyster Food Culture Town, Bao’an District), Шенжен, Кина

2016: New York Subway Freight System

njurk_subway

New York Subway Freight System

Професионални признанија

2009, 2010: Член на Американската Академија на Науки и Уметности

2010: Награда за архитектура на Фондацијата Грејам (Graham Foundation Architecture Award)

2011: Грејам Фондација, за: New York City (Steady) State, со Робин Бејлс и Кристијан Еусебио

2013: Награда Design Mind, Cooper Hewitt, Smithsonian Design Museum

2015: John Simon Guggenheim Memorial Foundation, соработник во архитектура, планирање и проектирање

hrana_kina

Golden Oyster Food Culture Town, Bao’an District, Шенжен, Кина

Испрати коментар

Scroll To Top