Почнати се подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени.
Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1.480 седишта. Проектот го реализираат Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.