Додека поминувате време дома, бидете љубопитни, уште еден музеј овозможува виртуелна прошетка.
На сајтот Музеј на Југославија има повеќе содржини кои ве очекуваат: актуелната изложба „Проектот Југославија“ прилагодена на онлајн фотмат, бројни едукативни содржини, виртуелна прошетка низ тематски изложби, поблиско запознавање со богатата колекција живописни предмети од фонтод на музејот, авторски текстови на кустосите на музејот, како и соработниците
Бидете одговорни останете дома и посетувајте музеи!
Изложбата „Проектот Југославија“, која беше актуелна во просторот Музеј 25. мај, а која вклучува интервјуа со 100 соговорници од сите земји настанати со распадот на поранешната држава, публиката во целост може да ги погледне тука.