Стоковната куќа Store Galleria во Gwanggyo, јужно од Сеул, штотуку ги отвори своите врати. Објектот се наоѓа во центар на релативно млад и нов урбан развој. Основана во 70-тите години на минатиот век – Galleria, најголемата корејска франшиза на врвни стоковни куќи, ја отвори својата шеста продавницата The Gwanggyo store. Сместен помеѓу паркот и езерото Suwon Gwanggyo и високи станбени кули, проектот е „пресек на природата и урбаната средина“.
Објектот се протега на површина од преку 137.000 квадратни метри од кои 73.721 се над земја, а 63. 492 квадратни метри се под земја. Обмотана со фасада која изгледа како камен, зградата е фокусна точка на јавниот живот во градот. Всушност зградата ја евоцира природата на својот сосед, паркот, со својата извајана текстура, мозаична камен фасада. Проектот на бирото ОМА, предводен од Chris van Duijn во соработка со Ravi Kamisetti, архитектот на проектот Patrizia Zobernig и локален извршен архитект Gansam, Store Galleria поставува јавна траса, изникната од камениот волумен, поврзувајќи го јавниот тротоар со кровната градина.
За разлика од волуменот од камен, јавната рута е прекриена со повеќеслојна стаклена фасада која на минувачите им ги открива малопродажните и културни активности кои се случуваат внатре во зградата.
На своите посетители, додатокот од стакло им нуди нови погледи за да го доживеат Gwanggyo. Покрај тоа, патеката, формирана од низа каскадни тераси, создава простор за изложби и перформанси. Со соединувањето на малопродажбата и културата, градот и природата, Galleria овозможува ново искуство и воведува иновативен елемент во традиционалната типологија на стоковните куќи, пишува ArchDaily.
„Преку соработка со архитектите од ОМА, Galleria Gwanggyo е добро прифатена како на домашно така и на меѓународно ниво, со нејзината креативна архитектура која се разликува од типичниот формат на стоковни куќи, а која применува нова парадигма која „пренесува светлина низ целата зграда преку јавна траса “ , Galleria Gwanggyo е најубавата стоковна куќа и се очекува да стане уникатно обележје кое ги претставува Кореја и светот, обезбедувајќи нова инспирација за клиентите“, вели за ArchDaily, Eun Soo Kim, претседател и CEO на Galleria.