Насловна / Вести / Во Минесота на граѓаните им се плаќа да садат тревник пријателски за пчелите

Во Минесота на граѓаните им се плаќа да садат тревник пријателски за пчелите

Државата Минесота плаќа на сопствениците на домови да ги направат своите дворови или тревници погодни за пчели.

pceli2
Бидејќи пчелите исчезнуваат, Минесота издвојува 900 илјади американски долари годишно од буџетот за да помогне во зачувувањето на овие инсекти.
Затоа, им плаќа на жителите кои имаат тревници пред своите домови да ја заменат „обичната“ трева со тревник пријателски за пчелите. Тоа значи да се засадат диви цвеќиња, детелина и природни растителни видови.
Секое домаќинство кое ќе избере да се приклучи на оваа програма, ќе добие грант од 350 до 500 долари, во зависност од зоната во која живеат.

Bumblebee collecting pollen on a Zinnia elegans, Ottawa, Ontario, Canada.
Иако ова ќе ги привлече сите видови пчели, идејата е на овој начин да се привлече посебен вид на бумбар (Bombus affinis). Видот првпат беше означен како загрозен во Северна Америка пред три години.
Популацијата на бумбари опадна за дури 87 проценти во текот на 90-тите години, како резултат на климатските промени, употребата на пестициди, фрагментација на живеалиштата и болести на домашни пчели.

Flowers from Munsinger Gardens in St. Cloud, MN

Испрати коментар

Scroll To Top