Различни светски брендови им порачуваат на своите купувачи не само да применуваат “социјално дистанцирање“ во текот ан пандемијата, туку и да останат дома. Меѓу нив е и шведската компанија IKEA. Имено, IKEA креирала сопствени инструкции по примерот на оние за склопување на нивниот мебел, и објаснува чекор по чекор што треба да се прави. Сите се сложуваат дека ова се наједноставните инструкции од овој бренд. На овие инструкции пишува Stay Home, а како потребни алати се наведени клуч, брава и 100 ролни тоалетна хартија, нешто што во моментот највеќе се купува ширум светот. Подолу, има илустрации на отворена врата како погрешен, и затворена врата како правилен избор. Овие инструкции ги објави IKEA во Израел, и тоа преку социјалната мрежа Facebook. „Не е комплицирано, само останете дома“, стои во описот.