Овој младински културен центар е проект на OPEN Architecure и се наоѓа во Beidaihe, Qinhuangdao. Целиот објект е опкружен со природа која го штити од бучавата и хаосот во градот.
Со површина од 2.700 m2, зградата задоволува неколку функционлани барања како театар, галерија, простории за активности, кафетерија, книжарница, мултимедијална сала итн. Со намера да се максимизира заштитата на природата, меѓутоа истовремено и да се добие разновидност на просторни квалитети, се доаѓа до отворен дизајн на зграда која е целосно сплотена со природата.
Внатрешниот простор слободно тече и се поврзува со надворешниот пејзаж. Истиот простор може да одговара на различни функции во различни ситуации. Централниот двор не е само дел од пејзажот туку истовремено е екстензија на театарот за да може да собере многу повеќе публика која би го гледала перформансот. Покривот е покриен со зеленило и овозможува многу надворешни активности, а тоа значи дека 100% од земјата се користи ефикасно, што е многу важен аспект од работата на кампот.