Не постои причина поради која мебелот не може во исто време да биде стилски и забавен. Токму оваа мисла го навела Јан Екселиус да ја креира фотелјата Etcetera во 70-тиет години од минатиот век, а сега благодарение на компанијата Artilleriet, нова генерација на љубители на дизајнот може да ужива во нејзиниот изглед.
Шведскиот бренд за мебел се здружил со Екселиус за повторно да го оживеат овој класичен дизајн. Водејќи се со знаењето на мајсторите од брендовите J.O. Carlsson и Forsbergs, компанијата лансирала цела Etcetera серија, која се состои од славната фотелја, столица и табуретка.
Овој дизајн настанат како дело на Екселиус во период на неговите стиудентски денови, брановидната силуета на оваа фотелја брзо и подарила култен статус. Една од нејзините значајни карактеристики е нејзината едноставност.
„Пред педесет години, никогаш немаше да помислам дека Etcetera и денес може да биде пожелна“, изјавил Екселиус. Моделот кој сега е лансиран претставува точна реплика на оригиналот, со неколку нови верзии кои се креирани за да ја задоволат побарувачката на поширокиот пазар.
Оваа фотелја може да се купи и по пат на официјалниот сајт на брендот, по цена од 2.400 долари.