Снабдувањето со електрична енергија во некои делови на светот е еден од најголемите проблеми. Размислувајќи како да го решат овој проблем, сестрата и нејзините двајца браќа, од Филипините, направија генијален изум.
Аиса Мијено, која заедно со нејзините браќа Ралф и Оскар се појавија со идејата, е дипломиран компјутерски инженер. Аиса во моментов работи на колеџот De la Sale, на универзитетот Липа, провинција Батангас.
Мијено и нејзините браќа дизајнирале светилка што работи на солена вода. Нивната ламба, исполнета со чаша вода со две лажици сол, може да работи осум часа. Покрај „солена вода“, може да се наполни и со природна солена вода од морето.
Светилката што ја нарекоа SALt е најдобрата алтернатива за оние кои за оваа намена користат петролеј, но и свеќи затоа што е повеќе еколошка и незапалива.
Исто така, во ламбата е вграден и USB порт така што оваа ламба може да полни и мобилен телефон.
Мијено вели дека немала намера да се натпреварува со други пронаоѓачи на одржливи вештачки извори на светлина, но целосно го поддржува секој што се залага за употреба на одржливи извори на енергија.
Идејата да се дизајнира ламбата се појавила по посетата на Калинга, каде жителите пешачат шест часа секој втор ден за да добијат петролеј за ламби.