Индија го затвори „Таџ Махал“ и други споменици поради ширењето на корона вирусот. Овие места ќе бидат затворени до крајот на месецот, соопшти Министерството за култура на оваа земја. Станува збор за вкупно 3.691 споменици и локалитети. Во оваа земја веќе е на сила затворањето на училиштата, трговските центри, базени и редуцирано е користењето на јавниот превоз. Индија има мал број на заболени со оглед на бројот на населението (нешто над 100), но голем број лица се во изолација.