Насловна / Архитектура / Меланија Трамп гради тениски павилјон во класичен стил

Меланија Трамп гради тениски павилјон во класичен стил

Првата дама на Америка, Меланија Трамп сподели на Твитер информации за напредокот во изградбата на новиот павилјон за тенис кој е на околу 100 метри квадратни, а што се гради на јужниот тревник на Белата куќа.

Melanija

Павилјонот се гради за да се создаде нова област за рекреација за семејството на претседателот Трамп.
Павилјонот е инспириран од класичната архитектура, што е во согласност со неодамнешната одлука на Трамп „повторно да ги направи сите федерални згради убави“.
Во својот пост Меланија Трамп напиша: „Возбудена сум што ќе ги споделам вестите за напредокот на тенискиот павилјон во Белата куќа. Благодарам на талентираниот тим за нивната напорна работа и посветеност “.

Melanija2
Според проектот од 2019 година, новиот павилјон ќе биде изграден на местото каде сега се наоѓаат тоалетите и просторот за складирање, а новиот објект ќе создаде врска меѓу тениските терени и детската градина. Објектот е дизајниран во 1969 година од страна на Лејди Бирд Џонсон, сопруга на 36-от претседател на Соединетите Американски Држави Линдон Б. Џонсон. Новиот павилјон ќе се наоѓа и во близина на Kitchen garden, чија изградба ја почна во 2009 година Мишел Обама.
Дизајнот на павилјонот е инспириран од класичната архитектура, што требаше да се очекува по неодамнешната одлука на Трамп „повторно да ги направи сите федерални згради убави“.

Melanija1
Правоаголниот павилјон ќе има вкупна висина од 5,5 метри, а горниот дел ќе биде украсен со бакарен покрив. Во објектот ќе доминира централна аркада со четири дорски столбови. Аркадата ќе биде проширена меѓу две малку испакнати крилја кои ќе имаат стаклени врати. Од сите четири страни, зградата ќе ја краси кровен венец.
Иако екипата на архитекти кои работат на проектот не е позната за јавноста, се вели дека главната инспирација за дизајнот на павилјонот била симболичкото прикажување на Белата куќа, кое е многу препознатливо и за американската јавност и за остатокот од светот.
Павилјонот претставува прва од двете планирани структури за градба на овој дел од имотот на Белата куќа. Вториот објект ќе биде зграда за одржување, која ќе ја користи Националната служба на паркот, која исто така управува со Белата куќа.
Временскиот рок за изградба на објектите е непознат, но се претпоставува дека работата на тенискиот павилјон ќе заврши во октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top