Насловна / Архитектура / Прославениот италијански архитект Vittorio Gregotti почина од коронавирусот

Прославениот италијански архитект Vittorio Gregotti почина од коронавирусот

Vittorio Gregotti (10 август 1927 – 15 март 2020) бил хоспитализиран во миланската болница откако бил заразен со коронавирусот. Во тек на лечењето се развило запаление на белите дробови, на кое славниот архитект му подлегнал, пишуваат италијанските медиуми.

vitorio_resize

Покрај Олимпискиот стадион во Барселона проектиран за Олимписките игри во Барселона 1992, Gregotti го проектирал и театарот Arcimboldi  во Милано, објект подигнат во него да се овозможи продолжување на оперската сезона во време на реновирање на миланската Скала од 2002. до 2004. година.

vito1

Олимпискиот стадион во Барселона

Пред почетокот на Светското фудбалско првенство во 1990. година во Италија го проектирал стадионот Marassi во Џенова, а бројни признанија добил и за Културниот центар Belém во Лисабон.

vito2_resize

 театарот Arcimboldi  во Милано

Автор е и на теоретски дела во архитектурата: „Просторот на архитектурата“ (Il territorio dell’architettura, 1967) и „Видлив град“ (La citta visibile, 1993).

vito3

Културниот центар Belém во Лисабон

Одавајќи ми почит на својот колега, италијанскиот архитект Stefano Boeri го нарекол Gregotti „мајстор на меѓународната архитектура“, кој ја „испишал историјата на нашата култура“.

Corriere della Sera пишува дека во истата миланска болница хоспитализирана е и неговата сопруга Mariana Mazza.

Испрати коментар

Scroll To Top