Европската Комисија ја објави иницијативата за „чисто“ производство на водород, со цел да се забрза декарбонизацијата на индустријата, а планираниот Европски сојуз за „чист“ водород (European Clean Hydrogen Alliance), чие основање е дел од новата индустриска стратегија на ЕУ, би можел да стане реалност веќе ова лето. Овој сојуз би ги споил инвеститорите со владините партнери, институциите и индустријата, и би ги зајакнал напорите во утврдувањето на потребите од соодветна технологија, можностите за вложување како и регулаторното опкружување. Водородот има потенцијал да ја замени енергијата која се произведува од фосилни горива, како и да овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори во големи количини, и да придонесе за зголемување на енергетската сигурност на ЕУ. Целта на новата индустриска стратегија на ЕУ е „глобално конкурентна, зелена и дигитална Европа“ стои во соопштението на Европската Комисија.