Насловна / Вести / Улица во соседството која е вистинска зелена убавица

Улица во соседството која е вистинска зелена убавица

Помеѓу 50 најубави улици со дрвореди во светот, кои се објавени на сајтот www.architecturendesign.net, се наоѓа и една улица од нашето соседство, улицата „Генерал Драпшин“ во Кикинда, Србија.

1_resize

Улицата е рангирана на 22. место. Дрворедот е засаден по Втората светска војна, има околу 389 стебла, најмногу Американска кошчела (Celtis occidentalis L.), листопадно стебло од фамилијата на брестови  (Ulmaceae), кое расте до 25 метри. Ова дрво е донесено во Европа во 17. век.

2_resize

Често се користи за засадување во групи во паркови или за дрвореди, отпорно е на мраз, на суша и на загадување. Му одговара влажна почва и сончани места или места во полусенка. Живее до 200 години.

Останатите дрвја се липи, американски сребролисен јавор и понекоја дудинка.

6_resize 3_resize 5_resize 4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top