Насловна / Архитектура / Најуспешно дело во областа станбена архитектура во Хрватска за 2019

Најуспешно дело во областа станбена архитектура во Хрватска за 2019

Склоп од четири куќи во станбената населба Дикло во Задар, проект на архитектите Ива Летиловиќ и Игор Педишиќ „4 куќи за 4 брата“ е добитник на наградата „Драго Галиќ“ за најуспешно остварување  во сферата на станбената архитектура во Хрватска за 2019. година.

5_resize

Четирите куќи проектирани се за четири брата. Тие сочинуваат низа, од морето до возвишувањето, а редоследот на нивните сопственици строго ја следи фамилијарната хиерархија. „Секој од нив бараше одредена структура на апартманите за изнајмување, како и голема станбена единица, програмски и функционално прилагодена на потребите на своето семејство“, истакнуваат архитектите.

6_resize

Проектот ја реинтерпретира, онаа речиси архетипската, хибридна типологија која се состои од просторот за живеење на сопственикот, најчесто во приземјето, и неколку станови за изнајмување горе, а која со децении упорно го уништувала јадранскиот брег. „И сето тоа во срцето на предградијата, создадено токму со стихијно мултиплицирање на на истата типологија“, велат архитектите.

2_resize

Секоја структура е пространа и програмска композиција на мала семејна куќа  и исечок на некој мегахотел. Многу читливо е поделена на два контрастни волумена: станбен и туристички. Вториот генерички е анонимен, ги користи обликовните елементи на туристичката типологија, а воедно е поставен да формира подножје, но и подлога на другиот волумен, станбената единица.

8_resize

Станбената единица е засебен волумен, со типолошки карактеристики на семејна куќа, која не стои на тлото, туку е изградена на веќе постоечки волумен, постамент и се протега низ три нивоа: од влезната палуба на првиот кат до наткриената кровна тераса на третиот кат. „Празнината која ги нагласува овие два волумена е палубата со базенот, единствено место на контакт на постојаните и повремените станари“, велат архитектите.

7_resize

Сите четири станбени единици структурирани се со повторување на истиот модул, кој потоа се модифицира и во основа и во пресек, во зависност од специфичните потреби на станарите.

1_resize

Z:PORTFOLIOREALIZACIJE 2019GRAFIČKI PRILOZI (DO 10)_6 Model Z:PORTFOLIOREALIZACIJE 2019GRAFIČKI PRILOZI (DO 10)_6 Model Z:PORTFOLIOREALIZACIJE 2019GRAFIČKI PRILOZI (DO 10)_6 Model Z:PORTFOLIOREALIZACIJE 2019GRAFIČKI PRILOZI (DO 10)_6 Model Z:PORTFOLIOREALIZACIJE 2019GRAFIČKI PRILOZI (DO 10)_6 Model

Испрати коментар

Scroll To Top