Во едно болничко одделение во болница во Вухан, работат роботи со цел максимална заштита на медицинскиот персонал од коронавирусот. Новото одделение на болницата кое е направено со пренамена на еден спортски центар, на 7ми март примило 200 заразени пациенти. Роботите се оспособени да носат храна и лекови, како и да ја одржуваат хигиената кај пациентите. Физички се разликуваат, па така некои имаат хуманоидни глави и раце, а во долниот дел имаат тркалца. Се движат самостојно, но со нив управува персоналот кој е сместен вон затвореното одделение. Овој проект е остварен во соработка на компанијата Cloudminds, China mobilе и болницата во Вухан. Инаку директорот на оваа болница минатиот месец почина токму од последиците од корона вирусот.