Насловна / Вести / Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз, возниот ред редуциран

Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз, возниот ред редуциран

ЈСП Скопје информира дека дека од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз и бесплатниот превоз за возрасни лица.

Укинувањето на бесплатниот превоз е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

бус_resize

Исто така од ЈСП информираат и дека од утре, четврток (12.03.2020 год) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на зимски, односно летен училиштен распуст. И редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и една од мерките, препораки за превенција од ширење на вирусот.

бус1_resize

ЈСП Скопје апелира до граѓаните за рационално користење на јавниот превоз, а истовремено потсетува дека сите возила на ЈСП Скопје уште од пред десетина дена се подложни на дополнителен третман на дезинфекција.

Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линија или потоа, зависно од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

Испрати коментар

Scroll To Top