Насловна / Архитектура / Во Норвешка ќе се руши објект со мурал на Пикасо

Во Норвешка ќе се руши објект со мурал на Пикасо

По неколкугодишно одложување, официјално е одлучено зградата Y-Block во Осло да биде срушена.

Објектот стар 51. година  претрпел значителни оштетувања во 2011 година, откако автомобил-бомба го затресе центарот на Осло. Оваа канцелариска зграда на норвешката Влада стои со години како болен потсетник на терористичкиот напад, кој се памети како најстрашен во модерната норвешка историја. По неколку години одложување, официјалните лица одлучија дека на зградата и дошол крајот.

1_resize

Сепак, експертите велат дека овој објект е „споменик од значење за цела Европа“.

Оваа специфична зграда наречена Y-Block е изградена во 1969 година, по проект на архитектот Ерлинг Виксјо, а најголемата специфичност е што нејзината фасада е украсена со два мурали кои се дело на Пабло Пикасо и норвешкиот уметник Карл Несjар. Едниот е во форма на монументален релјеф на бетонска фасада и е наречен Рибар, додека другиот е помал мурал, наречена Галеб, лоцирана во лобито на зградата.

5_resize

Владини претставници ветија дека муралите ќе бидат сочувани и преместени на друга локација. Меѓутоа, оние кои се борат за заштита на спомениците на културата сметаат дека и самата зграда треба да се спаси.

Планираното рушење од најразлични причини се одложува уште од 2014 година и донесена е конечна одлука во текот на изминатата недела, бидејќи Владата смета дека дополнителното одложување ќе доведе до финансиски трошоци.

Уметност вклопена во телото на зградата

„Целокупната идеја на целата локација е токму околу тоа дека уметноста е вградена во телото на зградата“, рекла Мари Хватум, професор по историја на архитектурата, 2017 година во интервју за „Њујорк Тајмс“. Таа го споредила одвојувањето на муралот од зграда, дека е исто како и да се отстрани слика во музеј од нејзината рамка.

3_resize

Оние кои ги здружија силите во борбата против уривањето на зградата, која ќе биде заменета со нов владин комплекс, веруваат дека на тој начин ќе се „доврши работата“ на Андрес Брејвик, екстремниот десничар, осуден за масовно убиство. Тие не сакаат „министерството да ја сруши зградата, кога терористите веќе не успеале во тоа“.

„Брејвик сакаше да ја нападне социјалдемократијата. Тој сакаше да не ослободи од наследството на социјалдемократијата во изградена структура, но и во жива форма, во смисол на луѓе. Да се сруши зградата, значи да се заврши неговата мисија “, рекла Хватум.

Единствен Пикасо кој може да се види на отворено

Само еден месец пред немилиот настан, беше објавено дека Y-Block и H-Block, објект од 1958 година, која е исто така дело на архитектот Виксјо и кој исто така може да се пофали со помал мурал на Пикасо и Несјар, треба да бидат на списокот на споменици на културно наследство. За жал, тој процес е стопиран, пишува Archpaper.

7_resize

Датумот на рушење на Y-Block сè уште не е дефиниран, а официјалните лица изтакнаа дека  Н-Block нема да ја има истата судбина, туку дека ќе биде обновен, бидејќи од нападот не претрпел големи конструктивни оштетувања.

Во 2015 година, организацијата Europa Nostra, Y-Block го рангирала во потесниот избор од седум најзагрозени уметнички дела во Европа. Меѓу другото, иако Пикасо и Несјар соработувале на бројни проекти ширум светот, муралот Рибар и муралот на Архитектонскиот факултет во Барселона се нивните единствени дела што можат да се видат во јавност, односно на отворен простор. Исто така, Europa Nostra во моментов се залага Y-Block да влезе во потесниот избор за „Седум најзагрозени“ за 2020 година.

2_resize

Од друга страна, Пикасо администрацијата, организација која го надгледува огромното наследство на уметникот, исто така првично беше скептична во однос на идејата за рушење на објектот, но, според „Тајмс“, го ублажи својот став со тек на времето.

Испрати коментар

Scroll To Top