Станува збор за електраната Saint-Brieuc која има 62 ветерни турбини со вкупна моќност од 496 MW. Енергетската компанија Iberdrola има 100% удел во компанијата Ailes Marines која ја развива, гради и управува со оваа офшор ветерна централа во Франција. Имено, Iberdrola, чиј претходен удел во конзорциумот бил 70%, ги купила и преостанатите 30% во Ailes Marinesu. Аквизицијата ќе му даде забрзување на проектот Saint-Brieuc чиј почеток на изградба се очекува во 2021 година, а пуштањето во погон е закажано за 2023 година. „Се надеваме дека наскоро ќе бидат решени сите правни и административни прашања, и дека оваа инвестиција од 2,4 милијарди евра во енергетската иднина ќе биде подготвена за реализација во полна брзина“, вели Jonathan Cole, глобален директор за офшор ветерни електрани во Iberdrolа.