Насловна / Вести / Олимписките игри ќе бидат климатски неутрални до 2030 година

Олимписките игри ќе бидат климатски неутрални до 2030 година

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) најави дека почнувајќи од 2030 година, и Олимписките игри (летните и зимските) ќе бидат „климатски неутрални“. МОК планира да засади „Олимписка шума“ и со тоа да даде придонес кон проектот „Голем зелен ѕид“ кој се реализира во Африка со помош на Обединетите Нации. Одлуката за климатската неутралност е донесена на состанокот на Извршниот одбор во Лозана. Сите наредни Олимписки игри се обврзале да остварат нулта емисија.

ioc2

IOC3

Олимписките игри Токио 2020 се обврзаа за приоритетно користење на обновливите извори на енергија и дека ќе ги компензираат емисиите кои не можат да се избегнат. Програмата ги вклучува сите емисии почнувајќи од изградбата на трајни и привремени објекти, превозот и сл. Партнерот на игрите, компанијата Toyota ќе обезбеди официјална возна флота, составена од возила со нула емисии.

Олимписките игри Париз 2024 ќе бидат првите кај кои во целост ќе се примени Олимписката Агенда 2020. Според оваа Агенда, МОК е организација која не емитува емисии на стакленички гасови, благодарение на мерките за иновативно спречување на емисии. Новото седиште на МОК во Лозана, Олимписката куќа, е една од најодржливите згради во светот во најголемиот дел се снабдува со електрична енергија од обновливи извори на енергија.

IOC1

Испрати коментар

Scroll To Top