Додека планетата стравува од новиот вирус, децата во епицентарот на епидемијата пронајдоа креативен начин да се ослободат од домашните задачи.
Помеѓу случувањата во градот Вухан со 11 милиони жители, кои се уште се во карантин поради епидемијата на коронавирусот се издвојува еден интересен детал.
Властите затворија многу училишта низ Кина во февруари за да се обидат да го запрат ширењето на вирусот. Но, учениците од училиштата се надеваат на продолжен одмор, пренесува Ројтерс. Нивното воодушевување поради одморот нагло е прекинато кога апликацијата DingTalk е преработена, така што децата иако не се во училиштата, можат да добиваат лекции и да работат домашни задачи.
„Знам млади херои, не очекувавте ваков исполнет одмор, тешко ви е“, вели DingTalk во музичкото видео со цртани филмови објавени на Интернет. „Млади херои ве молам поштедете го мојот живот, вие сите сте мои папи“, продолжува DingTalk.
Од околу 800.000 прегледи на апликацијата, најголем број биле од ученици кои го критикувале DingTalk за расипување на нивните планови за училишен одмор.
Меѓутоа, децата го „решиле“ и тој проблем. Дознале дека апликацијата, доколку добие лоши оцени ќе биде отстранета од App Store.
Десетици илјади корисници испраќале свое мислење и оценката на апликацијата се стрмоглавила преку ноќ од 4,9 на 1,4.
И тука бил крајот на учењето и домашните работи.