Насловна / Вести / Зеленото срце на Мелбурн

Зеленото срце на Мелбурн

Royal Botanic Gardens Victoria е ботаничка градина во Мелбурн, Австралија. Основана е во 1846 година и се протега на повеќе од 38 хектари. Во наредните 60 години ова претходно мочурливо место се претворило во светски пејзаж кој го знаеме денес. Умерената клима на градот и северното влијание, овозможуваат во градината да живеат повеќе од 52.000 растенија, кои претставуваат над 10.000 различни видови, прикажани во 31 збирка.

4_resize

Распонот на растенијата е од стари повеќегодишни големи дрвја до разнобојни едногодишни растенија. Во 1958 година, кралицата Елизабета Втора на градината ѝ го дала префиксот „Кралска“. Градината е жив музеј кој содржи поединечни примероци или колекции растенија за научни, образовни и естетски цели, но пред сè е за зачувување на видовите.

RBGV_MG_Ornamental_Lake2017 - Copy_resize

Royal Botanic Gardens Victoria е природно засолниште за автохтоните видови растенија. Еден од новитетите е детската градина на Фондацијата Јан Потер. Оваа градина овозможува интерактивно образовно опкружување во кое децата од сите возрасти, физички способности и култури се во можност да играат, да го истражуваат и да го откриваат светот на природата.

Royal_Botanic_Gardens_View_Melbourne_resize

Тука е сместен и The National Herbarium of Victoria. Хербариумот е основан од Baron Ferdinand von Mueller, германско-австриски физичар, географ и пред сè ботаничар, во 1853 година и е најстара научноистражувачка институција во Викторија.

1 - Copy_resize

Mueller бил назначен за владин ботаничар на Викторија, негова заслуга е истражувањето во кое опишал и именувал над 2.000 видови австралиски растенија. Јадрото на колекцијата на хербариумот содржи околу 1,4 милиони примероци различни видови растенија, околу две третини австралиски и една третина од други земји, од кои многу биле собирани од самиот Mueller.

Royal_Botanic_Gardens_Melbourne_Fern_Gully_2017_resize

Убавината на градината го одзема здивот и овозможува опуштање во ритамот на зеленото срце на Мелбурн. Во градината комбинирано се преплетуваат и водени површини, три езера и острови. Градината е скапоцен дел од животот во градот, таа е чувар на земјата, пејзажот и колекцијата на растенија познати по својата визуелна убавина и значење за науката и хортикултурата. Во Royal Botanic Gardens има место за сите, простор за деца да истражуваат, за семејства да одат на пикник, за вљубени двојки да се прегрнуваат или за поединци да се релаксираат и да го спознаат мирот. Исто така, постојат три медитативни градини за благосостојба, за да ги охрабрат луѓето да одвојат време да се релаксираат и да ги наполнат батериите во мирот на природата. Како што летните вечери стануваат потопли, градината има и кино-проекции на отворено, театарски претстави, а се организираат и голем број изложби на отворено, како и фестивал на светлечки инсталации кои се блескави уметнички дела кои вклучуваат и лебдечки светла над езерото и блескави павилјони.

3840px-Royal_Botanic_Gardens_Melbourne_Guilfoyle's_Volcano_pano_2017_resize

Royal Botanic Gardens Victoria секоја година во своите зелени прегратки го прима и победникот на првиот гренд слем турнир во годината. Секоја година победникот на Отвореното првенство на Австралија во тенис или Австралија опен, традиционално по завршувањето на турнирот со пехарот во раце се слика во прекрасниот пејзаж.

8_resize

Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ и оваа година по осми, рекорден пат, позираше со пехарот пред репортерите и многубројните обожаватели.

ноле2_resize

Кралските ботанички градини се едни од најпопуларните туристички атракции на Викторија, со над 1,5 милиони посетители секоја година.

1620px-Royal_Botanic_Gardens_Melbourne_Eastern_Lawn_2018 - Copy_resize 3_resize Melb_botanical_gardens_resize Melb_botanical_gardens02_resize

Испрати коментар

Scroll To Top