Националната галерија на Македонија со оглед на случувањата поврзани со потенцијалното ширење на корона вирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, информира дека најавеното отворање на двете изложби „Соблечени, женскиот акт како контекст“ и „Паднати ангели“ кое требаше да се случи денес во Чифте амам е ОТКАЖАНО.
Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (сем понеделник) ќе можат индивидуално да ги погледнат истите.