„Сакам да покажам колку е лесно да се постигне рај на земјата“. Ова се зборовите на Friedensreich Hundertwasser, сликар, архитект и еко-активист, кој целиот свој живот го посветил во креирањето на хумана архитектура, слики и манифест. Се работи за една од најисчекуваните изложби оваа година во Музејот на модерна уметност во Копенхаген. Hundertwasser го материјализирал рајот во форма на силни обоени слики и фантастични згради, брендирајќи го еко-активизмот. Иако во своето време бил контроверзен, денес неговите идеи за зелена архитектура, екологија и урбани градини се порелевантни од кога било. Како што Копенхаген е прогласен за Зелена престолнина на Европа за 2014 година, така од минатиот месец е отворена изложба посветена на овој гениј во Музејот на современата уметност – Аркен.