Насловна / Вести / За 30 години во морињата и океаните ќе има повеќе пластика од риби

За 30 години во морињата и океаните ќе има повеќе пластика од риби

Еколошката група Earth Island Institute поднесе тужба против големи и светски познати компании кои се сметаат за загадувачи на животната средина и кои јавноста ја заведуваат во однос на тоа колку пластика рециклираат.

plastika

Така, од одговорните компании се бара да ја преземат одговорноста за загадувањето на океанот со „гушење на пластичниот екосистем“ и да престанат да нудат полу-информации за јавноста да мисли дека за околината се грижат доволно.

Во соопштението се вели дека до 2050 година во морињата и окоеаните ќе има повеќе пластика од риби, а одговорни, велат еколозите, се пред сè најзначајните компании кои ја водат индустријата за пластично пакување. Ова е прва тужба од ваков вид и се очекува да открие колку малку пластика се рециклира, пренесува PC Press.

Испрати коментар

Scroll To Top