Насловна / Вести / Најжешката зима во Европа откако постојат мерења

Најжешката зима во Европа откако постојат мерења

Според научниците, оваа зима е најтопла откако во Европа постојат мерења. Од почетокот на декември до крајот на февруари, забележани се над просечни температури и тоа 1,4 Целзиусов степен повеќе од претходниот рекорд поставен во 2015/2016 година, или 3,4 Целзиусови степени над просекот за периодот 1981-2010 година.

Според Европскиот систем за следење на земјиштето координиран и управуван од Европската комисија, јануари во Европа беше потопол околу 0,2 Целзиусов степен од претходно најтоплиот во јануари 2007 година и 3,1 Целзиусов степен потопол од просекот за јануари во периодот од 1981 до 2010 година.

merenja

Copernicus Climate Change Service (C3S) има податоци за климата уште од 1855 година и, според најновото издание, просечната температура за декември, јануари и февруари е за 1,4 Целзиусов степен повисока од претходниот рекорд забележан во зимата 2015/2016 година. Иако сезонските температури честопати подлежат на големи флуктуации од година во година, оваа зима во Европа сепак беше 3,4 Целзиусови степени потопла од просекот од 1981-2010 година.

“Во споредба со претходните зими, оваа беше невообичаено топло“, рече Карло Буонтемпо, директор на C3S. “Забележуваме вакви промени од година во година, особено во тропските предели, но оваа зима беше исклучително топла и блага во Европа. Голема е веројатноста дека на тоа делува глобалното затоплување“.

merenja1

Според „Гардијан“, топлината што е нетипична за оваој период од годината влијаела, на пример, на тоа на спортските настани во Шведска и Русија да треба да се донесе снег. Во јануари и февруари просечните температури во Хелсинки беа за 6 Целзиусови степени повисоки од просечните за периодот 1981-2010 година, а во Велика Британија, силните поплави беа дополнително засилени со високи температурни влијанија, слично на 2015 година.

Според изјавата на C3S, минатиот месец беше втор најтопол февруари во светот и во Европа и беше нешто помалку од 0,1 Целзиусови степени постудено од најтоплиот февруари 2016 година досега.

Во Европа овој февруари беше потопол 3,9 Целзиусови степени од просечната температура во периодот 1981-2010 година. Над просечната температура е општо забележана во голема област која опфаќа поголем дел од Европа, Сибир и Централна Азија и западен Антарктик, додека температурите под просекот се забележани во северна Алјаска.

Испрати коментар

Scroll To Top