Насловна / Вести / Европската комисија предлага 2021 година да биде Европска година на железницата

Европската комисија предлага 2021 година да биде Европска година на железницата

Европската комисија (ЕК) смета дека треба да му се посвети посебно внимание на железничкиот сообраќај во рамките на „Европскиот зелен договор“ и дека би требало 2021 година да биде Европска година на железницата. Околу една четвртина од штетните гасови со ефект на стаклена градина доаѓа од сообраќајот и тој удел постојано расте. Железницата би требало да има значајно место на агендата за 2021 година, за да се промовира како „одржлив, иновативен и безбеден облик на превоз“, соопшти ЕК на 4ти март 2020 година.

„Прогласувањето на 2021 за година на железницата доаѓа во вистинско време, односно кога на ЕУ и е потребен еден таков колективен потфат, која ќе претставува и вежба за политичка кохезија“, велат од ЕК. Според податоците од ЕУ, железницата е единствен вид на превоз кој успева да ја намали емисијата на штетни гасови со обезбедување континуитет во развојот. “Европскиот зелен договор“ предвидува 75% од товарниот сообраќај да биде префрлен од камиони на железница и копнени води. ЕК за 2021 година планира низа нз кампањи, иницијативи и настани за промовирање на патувањето со воз.

rail1

rail2

rail3

Испрати коментар

Scroll To Top