Насловна / Вести / Глобалниот атлас на ветрови ги мапира најпогодните локации за ветерни електрани

Глобалниот атлас на ветрови ги мапира најпогодните локации за ветерни електрани

Глобалниот атлас на ветрови е интернет платформа со податоци за движењето на воздухот на нашата планета. Тоа е бесплатна, јавно достапна мапа изработена од страна на стручњаците од одделот за енергија на ветерот на Данскиот технички универзитет во соработка со Светска банка (WB) и Меѓународната финснсиска корпорација (IFC). На тој начин, идејните творци на атласот сакаат да им помогнат на донесувачите на одлуки и инвеститорите да го препознаат потенцијалот на енергијата на ветерот за оредени прелиминарни проценки.

Брзината на ветерот на мапите од глобалниот атлас е прикажана во опсег од светло сино за најслабите ветрови  (<2,5 m/s) до темно виолетово за најмоќните ветрови (>9,75 m/s). Со оглед на експанзијата на офшор ветерните паркови, илустрирани се и податоците за ветровите на морските површини до 200km од брегот.

windatlas1

globalwind2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top