4. март е прогласен за Светки инженерски ден. Централната прослава се одржува во УНЕСКО во Париз.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе го одбележи Светскиот инженерски ден на 4-ти март (среда) во просториите на Комората со почеток во 11 часот.
На прославата ќе се обратат претседателот на Комората, професор д-р Миле Димитровски и неколку видни инженери кои ќе говорат на различни теми поврзани со евро кодовите, урбанистичките и архитектонски предизвици, светлечките фонтани и недостатокот на квалитетен воздух за дишење во Скопје.
Сите заинтересирани можат да го регистрираат своето присуство на следниот линк.
Програма на одбележување на Светкиот инженерски ден
11:00 Воведно излагање – Претседател на Комората Проф д-р Миле Димитровски
11:15 Евро Кодови – состојба во Македонија – Проф д-р Петар Цветановски
11:30 Урбанистички и архитектонски предизвици на интегрирање на нови структури во постоечкото изградено заштитено ткиво – Анастасија Трајковска, диа
11:45 Светлечки фонтани – Владко Тодоровски, деи
12:00 Скопје болува од неизлечива хронична болест – недостаток на квалитетен воздух за дишење. Има ли решение? – Проф д-р Миле Димитровски, дипл.маш инж.
12:15 Затворање на настанот
12:30 Коктел