Насловна / Арт и дизајн / Почина Улај

Почина Улај

Влијателниот концептуален уметник Франк Уве Лајсипен Улај (Uwe Laysiepen Ulay), еден од пионерите на перформансот, боди артот и полароид фотографиите, почина во Љубљана во 77. година по долго и тешко боледување.

улај2_resize

Улај е најпознат како долгогодишен сопатник и соработник на Марина Абрамовиќ, со која извел низа заеднички проекти од 1976. до 1988. кога се разделиле.

За себе говорел дека е „најславен непознат уметник“, а за насловната страна на својот сајт го избрал цитатот на Марина Абрамовиќ „Потребно е долго време, можеби дури и цел живот, за да го разберете Улај“.

ulaj4_resize

Се разделиле со Марина по перформансот на Кинескиот ѕид, поминувајќи повеќе од 2500 километри одејќи во пресрет еден кон друг од различни краеви.

Својата заедничка работа Марина и Улај ја дефинирале во манифестот “Поврзани дела: Уметноста на живеењето“.

Повторно се стретнале во рамки на перформансот „Уметникот е присутен“ на Марина Абрамовиќ во њујоршката МоМА, кога се појавил од галерискиот простор и седнал на столица наспроти Марина. Тој е единдтвениот од публиката кој се држел за раце со Марина на овој настан.  Снимката од сцената во МоМА, кога и двајцата заплакале, привлекла милиони гледачи на YouTube.

Улај последната деценија живеел во Словенија каде се преселил од Амстердам. Кон крајот на 2019. година во Словенија е отворен проектен простор Фондација Улај, посветена на неговиот уметнички опус, како и на подршката на младите уметници со кои имал посебен однос.

ulaj_resize

Последниот перформанс го извел во јануари 2019. година Performing Light во Лондон во галеријата Richard Saltoun, каде ја оживеал својата концептуализација на „перформативната фотографија“.

По повод веста за смртта на Улај се огласи и Марина Абрамовиќ на својот Инстаграм профил: „Со длабока болка ја примив веста за смртта на мојот пријател и некогашен партнер Улај. Беше современ уметник, но и човечко суштество, а неговото заминување  е ненадоместива загуба. На денешен ден единствена утеха е дека неговата уметност и заоставштина ќе живеат вечно“.

Испрати коментар

Scroll To Top