Ширењето на корононавирусот предизвика затворање на некои од најпрочуените светски музеи и културни институции од Токио до Милано. Па така во неделата стотици посетители останаа пред затворените врати на Лувр во Париз.
Во Јапонија до 13. март ќе биде затворен токискиот Музеј на уметност „Мори“, а во зависност од „идните околности“ периодот на затварање на музејот можеби ќе биде продолжен, пишува на веб страната на музејот.
Токиски национален музеј и Националниот музеј на Кјото ќе бидат затворени до 16. март, а Музејот на модерна уметност во Токио ќе биде затворен до 15. март. Помеѓу останатите институции кои се погодени со затворање се Музејот „Незу“ во Токио, Националниот уметнички музеј во Осака и Архитектонскиот музеј на отворено Едо-Токио во Коганеј.
Токискиот Национален музеј на западна уметност се подготвувал на 3. март да ја отвори патувачката изложба со 60 дела, вклучувајќи ги и „Сончогледите“ на Винсент ван Гог од Националната галерија во Лондон, но ќе остане затворен барем до 16. март.
„Сончогледите“ на ван Гог останаа во „карантин“ во Токио