По повод хрватското претседавање со Советот на Европската унија, во соработка со Музејот на современа уметност од Загреб и бриселската палата на убави уметности Бозар, денес во 19 часот во Бозар ќе се отвори изложба на архитектот и уметник Вјесенслав Рихтер, на која ќе бидат прикажани околу стотина негови дела.
Појдовна точка на изложбата се синтеза и синтезен пристап, кои се вткаени во секој сегмент на творештвото на Рихтер, како архитектонско и уметничко, така и во она во областа на теоретското размислување и експерименталното – истражувачко делување. Покрај тоа, работата на Рихтер е честа тема и поттик за истражување на современите уметници.
макета за Музејот на револуцијата во Белград
Вјенцеслав Рихтер (1917 – 2002) е една од клучните фигури на хрватската уметничка сцена на втората половина на 20 век, чие архитектонско и уметничко творештво зазема значајно место во европската историја на уметност. Еден е од основачите на групата EXAT-51, активен учесник на меѓународното движење Нови тенденции, автор на низа архитектонски проекти со јавна и станбена намена и идејни решенија во сферата на урбанизмот.
Некои од клучните проекти кои настанале во втората половина на 20 век со кои Рихтер остварил меѓународна кариера се: југословенските павилјони во Брисел, Торино и Милано, потоа проектите на музејските згради како Музејотот за просторни експонати, Музејот на еволуцијата во Крапина, Музејот на револуцијата во Белград и Сараево, Археолошкиот музеј во Алепо. Тој е автор и на Вила Загорје, Фабриката Сапонија во Осијек, а едно од клучните остварувања во средината на 60-тите е визионерскиот архитектонско-урбанистички проект Синтурбанизам, во кој е постигнат дијалог на архитектурата и уметноста.
поглед од Вилата Загорје
Добитник е на бројни награди и признанија дома и во странство, меѓу кои се и награда На градот Загреб, златна медаља на 13. триенале во Милано, награда за скулптура на 11. Биенале во Сао Паоло, и наградите Хедерова награда, Виктор Ковачиќ и Владимир Назор за животно дело, Орден на републиката и Витез на белгиската круна.
југословенскиот павилјони во Брисел
Музејот за современа уметност во Загреб, 2017. година беше домаќин на голема ретроспективна изложба на Вјенцелас Рихтер, „Бунтовник со визија“, која ја валоризираше и позиционираше Рихтер во контекст на националната и меѓународната умтетничка и архитектонска сцена на втората половина на 20 век. Во текот на 2018. Година изложбата е поставена во Neue Galerie во Грац, потоа во белгискиот град Wevelgem и во Венеција, а творештвото на Рихтер беше претставено и во рамките на изложбата „Кон бетонска утопија: Архитектура во Југославија, 1948-1980 година“ во МоМА во Њујорк.
Изложбата во Бозар е уште еден придонес во промовирањето на архитектонското и уметничко наследство, но и ново читање на делото на Рихтер.
Изложбата ќе биде отворена до 19. април 2020. година.