Насловна / Архитектура / Тасманскиот Сафир најдобар хотел за 2011

Тасманскиот Сафир најдобар хотел за 2011

tasmanski-safir-thumb.jpgНајновиот супер-луксузен туристички ресорт во Австралија претставува материјализација на есенцијата на недопрената природна околина.
Хотелскиот комплекс,
едноставно наречен Saffire,
е лоциран на Coles Bay, во
областа Тасманија во Австралија.
Идејните творци, проектанти и
изведувачи се архитектите од
австралиската компанија Circa
Architecture.

Изградбата на овој
луксузен хотелски комплекс е
завршена оваа година и објектот
веќе во потполност ја обавува
својата функција. Според изјавите
од страна на проектантите од
Circa Architecture „идејата за
‘Сафир’ e замислена како проект
кој ќе носи препознатливост на
локацијата, и ќе го редефинира
туризмот во Тасманија. Просторот
на кој се наоѓа, главно пленува
со својата природна убавина.
Конкретната локација ни беше
доделена како дослужен караван-
парк, па така, нашиот проект
послужи како механизам за
обновување и реупотреба на
просторот, реинтерпретација на
уникатните квалитети на местото
и создавање препознатлива
туристичка дестинација“.

tasmanski_safir_1.jpg
Погледот од птичја перспектива
ни ја открива желбата да се
овозможи уникатно искуство кое
ќе создава долготрајни позитивни
импресии кај посетителите. Имајќи
го ова за нивна основна определба,
архитектите на главниот објект
му дале форма која го прави
финална точка на едно возбудливо
патување, од каде лавиринтната
околина полека добива смисла и
ја открива својата полна убавина
преку панорамските погледи од
внатрешноста на просториите
од каде како на дланка се гледа
Големиот залив на школките.
tasmanski-safir-2.jpg
Ресортот е комплетно органски во
однос на околината, како во однос
на амбиенталната архитектура
така и во однос на стопанското
функционирање. Формата е
комбинација на асоцијации за
крајбрежни релјефни форми, морски бранови или животни
од океанските длабочини.
Апартманите пак, овозможуваат
поголема интимност и можност
за лично доживување на
просторот. Аранжирани се
во форма на брег паралелен
на природниот, што создава
еден особен впечаток на
динамичност при набљудување
на панорамата на островот.

tasmanski_safir_3.jpg
Во централниот објект се
опфатени повеќето заеднички
просториии, социјални
функции и анимациски
елементи на понудата на
хотелот, додека апартманите се
одвоени така што овозможуваат
комплетна приватност на
индивидуалното доживување на
луксузниот амбиент и раскошот
на природното опкружување.
Во контекст на ова,
просторот низ кој поминува
гостинот додека се движи
од централниот објект кон
приватниот апартман е уреден
на начин кој го потенцира
чувството на луксузно патување
во интимата на дивината.
Овој премин е метафора на
плажа од каде што самите
апартмани изгледаат како
градби од песок, зад кои се
простира океанската шир.
Боите и материјалите се
одбирани плански и со голема
внимателност. Палетата на
материјали користени како за
градбата така и за изведбата
и уредувањето на ентериерот,
се одбрани во сооднос со
оние типични за локалното
опкружување. Боите пак, се
причината што комплексот
во потполност го оправдува
терминот „амбиентална
архитектура“. Бојата на
покривот соодветствува со
бојата на водата во заливот,
што создава силна сугестија на
поврзаност, односно припаѓање
на објектот со конкретната
форма и поставеност на самата
локација. Внатрешноста на
просториите е решена во
колоритот на природата во
непосредната околина. Така,
просториите зрачат со спокој
кој го сочинуваат песочните
нијанси, боите на природно и
обработено дрво, акцентирано
со свежината на зеленилото
карактеристично за заливот.

tasmanski-safir-3.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top