Насловна / Вести / Климатските промени закана и за еден од најголемите водопади во светот

Климатските промени закана и за еден од најголемите водопади во светот

Водопадите на Викторија се едни од најголемите и највозбудливите водопади во светот. Водопадот е широк колку и целата река Замбези на која се наоѓа, што е повеќе од 1,5 километар. Овој легендарен водопад тече над работ на вулканска карпа и паѓа од висина од нешто повеќе од 100 метри. На местата каде што водата паѓа, се создава чад што може да се забележи со десетици километри оддалеченост, поради што локалното население го нарекува „Чад кој грми“.

vodopad

Сепак, оваа природна граница помеѓу Замбија и Зимбабве полека се суши веќе две милиони години, но промените во циклусот на врнежи предизвикани од климатските промени во последниве години особено ја загрозија иднината на славниот водопад, пренесува National Geographic.

Водопадите на Викторија се посуви и потопли. Иако во регионот врне иста количина на врнежи од дожд во текот на годината, тие се „набиени“ за пократок временски период.

Температурите се зголемуваат и во овој регион. Јужноафриканскиот истражувач Каитано Дубе открил и објавил дека температурата во месец октомври од 1976 до 2017 година пораснала за 6,8 степени. Исто така, минатата година областа претрпе најголема суша од почетокот на векот.

Овие екстремни временски услови се закануваат не само на прекрасниот водопад, туку и на неговиот екосистем и локалната економија. „Гардијан“ објави извештај во кој се вели дека минатогодишните суши предизвикале прекинување на струјата во Замбија и во Зимбабве, државите кои се потпираат на силата на реката.

Границата помеѓу Замбија и Зимбабве се наоѓа во средината на реката Замбези, со национални паркови од двете страни на реката. Клисурите и карпите под водопадот се главни територии за предатори, особено соколи и црни орли.

Луѓето се потпираат на водопадите со милениуми. Камени артефакти пронајдени во близина на водопадот покажуваат дека луѓето живееле овде пред два милиони години. Исто така, постојат „понови“ страници од пред 50 илјади години, кои сведочат за постоењето на населби од средното време.

Денес, туризмот е суштински за одржлив економски развој. Секоја година, водопадот го посетуваат неколку стотици илјади луѓе од целиот свет.

Испрати коментар

Scroll To Top