Насловна / Вести / Проект на ПОЦ „Паркирај совесно!“ и оваа година ќе ги едуцира средношколците

Проект на ПОЦ „Паркирај совесно!“ и оваа година ќе ги едуцира средношколците

Проектот „Паркирај совесно!“ и оваа година започна со едукација на учениците од трета година од средните училишта во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање.

2_resize

Едукативниот проект „Паркирај совесно!“ ќе се реализира во следните четири месеци од страна на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Министерство за внатрешни работи на РСМ, Град Скопје, Општина Центар и Коузон Корпорација. Целта на овој проект е да ги едуцира средношколците од трета година во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање; да ја развие нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот; како и да им помогне да стекнат основни предзнаења за сообраќајот и прописното паркирање.

1_resize

Проектот ќе се одвива во три фази, во првите два месеци во сите средни училишта во Скопје ќе се одржат интерактивни едукативни предавања за прописно и совесно паркирање наменети за средношколците од трета година како потенцијални идни возачи. Третиот месец учениците ќе излегуваат на терен заедно со контролорите на ЈП ПОЦ и сообраќајните полицајци и ќе ги предупредуваат сите несовесно паркирани автомобили, а оние кои се прописно паркирани ќе добијат пофалници.

3_resize

Со цел да се поттикнат поактивно да се вклучат во проектот, учениците ќе имаат задача да направат интересни фотографии од прописно и непрописно паркирани автомобили на паркиралиштата и ќе ги постираат на социјалните мрежи на проектот со интересни постови и хаштази. Исто така, пред крајот на школската година ќе се тестираат учениците за стекнатото знаење од едукативните предавања. Најдобрите 10 фотографии кои ќе имаат најмногу лајкови, коментари и споделувања на социјалните мрежи и 10 ученици со најдобри оцени на тестирањето ќе добијат награда – патување каде што ќе имаат можност да се запознаат со сообраќајната култура надвор од границите на Република Северна Македонија.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе продолжи да го спроведува овој проект секоја година.

Испрати коментар

Scroll To Top