Насловна / Вести / Во Виена наскоро пловечки паркови

Во Виена наскоро пловечки паркови

Во австриската престолнина веќе оваа година стигнува дополнително засилување во борбата против високите летни температури. По примерот на Париз, на бродската преводница на негогашната брана Kaiserbad во виенскиот Дунавски канал ќе никне нова градска зелена површина – пловечки градини за опуштање во средиштето на градот. Благодарение на оваа иницијатива, Дунавскиот канал би требало да стане уште поважен коридор за свеж воздух во жешките летни месеци. Во склоп на работите ќе бидат поставени големи плочи кои променадата долж Дунавскиот канал ќе ја поврзат со  досега неискористената преводница Kaiserbad. Со оглед дека во овој предел на каналот постои мноштво бетонски површини, предвидено е тие во одредена мера да се отстранат и да се исполнат со зелени површини. Затоа, во пловечките градини е предвидено поставување на големи садови со различни растенија, грмушки и стебла. Иницијаторот на овој проект, од градското одделение за животна средина, вели дека проектот значително ќе придонесе за подигање на квалитетот на животот во градот. Виена се бори против климатските промени со бројни мерки. Со оглед дека овој проект ќе биде довршен до летото, градот ќе стане побогат за уште една освежувачка зелена оаза.

viennapark1

viennapark2

viennapark3

Испрати коментар

Scroll To Top