Насловна / Градежништво / Браните и акумулациите под предизвиците од промените

Браните и акумулациите под предизвиците од промените

icold-thumb.jpgКако активен и важен член
на семејството ICOLD,
Швајцарија одржува долга
традиција во изградба на
брани. Постојат 48 брани повисоки
од 60 метри, од кои 25 брани се
повисоки од 100 метри, вклучувајќи
ја и 285 метри високата Гранд
Дикенс брана, што е највисока
бетонска гравитациона брана
во светот. Поради напредниот
концепт на проектирање, изградба
и експлоатација, браните во
Швајцарија имаат успешен рекорд
во поглед на сигурноста, иако
повеќето од нив се изградени и се во
употреба повеќе од 50 години.

Овој
позитивен аспект, како и добрата
интеграција на објектите во областа
на животната средина, придонесе
за прифаќање на големите брани и
акумулации од швајцарската јавност.
Швајцарија е исто така земја, која
прва го примени сертификатот за
„Зелена струја“ при експлоатација
на хидроцентралите, концепт кој е
прифатен од страна на Европскиот
стандард за зелена енергија.

Градот Луцерн, географски
лежи во центарот на Швајцарија,
а историски тоа е местото на
формирањето на Швајцарија.
Неговиот пејзаж е обликуван од
спектакуларниот свет на Алпите,
покриени со покривка од магичен
мек снег во зима. Регионот на
езерото Луцерн е „џебна големина“
на Швајцарија, а нуди можности за
најрозновидни одмори и екскурзии.

79. Годишна конференција се
одржа во Културно конгресниот
центар, кој нуди идеални услови за
организирање на вакви активности.
Денеска тој е рангиран како една
од најнаградуваните модерни
градби во Швајцарија. Проектирана
од францускиот архиткет Жан
Нувел, го отсликува новиот изглед
на градот Луцерн. Се состои од
три функционални целини под
ист покрив: концертна сала,
изложбена сала и административен
дел со конгресен центар.

Во рамките на конференцијата
се одржаа неколку активности.
Најнапред, симпозиумот „Браните
и акумулациите под предизвиците
од промените” (Dams and reservoirs
under Changing Challenges).
Симпозиумот имаше четири работни
теми: Долговременско однесување
на браните, Браните и природните
ризици, Браните и климатските
промени, Браните во состав на
специфична околина. Во рамките
на отворањето, покрај поздравните
говори имаше и два воведни
реферати презентирани од заменик-
министерот за водостопанство на
Кина, за мерките што ги презема
Кина за справување со глобалните
климатски промени во Кина,
и претседателот на Светското
здружение за хидроенергија, за
влијанието на акумулациите врз
озонот. Во неговото излагање тој
напомена дека справувањето на
Кина со глобалните климатски
промени е предвидено со
регулација на истеците во реките
преку изградба на сигурни брани
и подобрување на сигурноста
на веќе изградените брани.
icold.jpg

Друга активност беше Техничката
изложба на која излагање имаа
скоро сите познати светски
производители на опрема и фирми
кои нудат консултантски услуги
од областа на проблематиката
на браните. Се одржа и средба
на членовите на Европскиот клуб
на ICOLD. Целта на работата на
клубот е придонесување кон
подобрување на сигурноста на
браните на исто ниво за сите земји
во Европа, и тоа од едукација до
имплементација на регулатива
од сигурноста на браните. Во таа
насока беа насочени и дискусиите
на состанокот. Почнувајќи од
формирањето работни групи од
разни области поврзани со браните,
па издавањето на упатства од
областа на сигурноста на браната
кои би биле на европско ниво и би
го прифатиле сите земји од Европа
(ова би водело кон созадавање на
Еврокод од областа на сигурноста
на браните и едукација и тренинг),
за која цел се промовираа европски
постдипломски студии од областа на
сигурноста на браните под наслов
„Сигурност и управување со брани
и акумулации”, кои се организирани
од Универзитетот во Мадрид,
Шпанија. Конечно, се одржа и
состанок на поткомитетите на ICOLD.
Меѓународниот комитет за големи
брани има вкупно 26 поткомитети
од разни области. Македонската
делегација има членови во четири
поткомитети, а учествуваше во
работата на Поткомитетот за
набљудување на брани, каде што
се работи на Упатство за техничко
набљудување на браните.

Од позначајните работи кои
беа на дневен ред на годишното
собрание би го издвоиле
усвојувањето на променетиот статут
на ICOLD, со кој се предвидува
да нема индивидуални членови
на ICOLD, туку само колективни
претставувани од националните
комитети на земјите. На тој начин
се зајакнуваат капацитетите на
Националните капацитети.
На годишното собрание беше
презентиран и домаќинот на
наредната 80. Годишна средба
на ICOLD и 24. конгрес на
ICOLD, Кјото, Јапонија, што ќе
се одржи во јуни 2012 година.

Во рамките на годишната
конференција беа организирани
четири паралелни технички
екскурзии, кои во моментот се и
поголеми актуелни проекти од проблематиката на браните што
се одвиваат во Швајцарија.
Една од нив беше на Пумпно-
акумулациониот проект Нант де
Дранце. Проектот е во изградба и се
состои од тунел кој ќе ја поврзува
акумулацијата формирана со 180
метри високата лачна брана Емосон
и акумулацијата што се наоѓа 250
метри повиско, формирана со
браната Веу Емосон, која треба и
да се надвиши. Електраната што
треба да се изгради ќе биде со
капацитет од 600 Mw. Проектот се
наоѓа во близина на француската
граница со прекрасен изглед на
масивот Мон Блан и долината
на Шамони. Во согласност
со еколошки ограничувања,
целиот проект вклучувајќи ја
и електраната е под земја. Беше посетено надвишувањето
на акумулацијата Гримсел и
изградбата на тунелот Готхард.
Тој моментално е во изградба и се
состои од два тунела секој долг по
57 километри. Кога ќе бидат готови
во 2017 година, ќе биде најдолгиот
железнички тунел во светот.
Заради пристап до тунелот
потребно е да се надвишат: лачната
брана Спиталам од 114 на 137 метри
(со што браната ќе биде претворена
во лачна брана со двојна кривина)
и гравитационата брана Сеуферг
од 45 на 68 метри. На овој начин
ќе биде зголемен и капацитетот
на акумулацијата Гримсел.

Посетата на надвишувањето на
насипната брана Гушенералп и
контрафорната брана Лучендро
понуди нови видувања. Таа
брана е висока 155 метри и е
изградена во периодот 1955-
1962 година. Се состои од
централно водонепропустливо
глинено јадро и потребни тела
од камен. Со надвишувањето на
браната од 8 метри се планира
да се зголеми капацитетот на
акамулацијата за 15 проценти.

Контрафорната брана
Лучендро е единствена ваква
брана изградена после Втората
светска војна. Контрафорите
се армирани за да се зголеми
стабилноста на конструкцијата.

Последната посета беше на
изградбата на тунел за одведување
на наносот од акумулацијата
формирана со браните Солис
и Марморера. Акумулацијата
формирана со 61 метри високата
лачна брана Солис е завршена до
1986 година и се наоѓа на реката
Албула. Во текот на експлоатацијата
е забележана значајна продукција
на нанос, посебно при поголеми
дотеци на вода, кој го намалил
корисниот капацитет на
акумулацијата. За да може да се
чисти наносот, во тек е изградба
на 850 метри долг тунел преку кој
ќе може да се одведува наносот.
Истo така во тек е санација на
насипната брана Марморера
висока 91 м и изградна во
периодот 1951-1954 година.

На конференцијата учествувале
900 учесници и 300 придружни
членови. Од Македонија
учествуваше еден претставник. На
конференцијата нагласено беше
промовирањето на концептот за
сигурност на браните. Во услови
на евидентни глобални климатски
промени манифестирани со
екстремни суши и поплави,
една од мерките за намалување
на оваа појава врз луѓето е
билансирање на водата преку
изградба на акумулации.

Евидентни беа и напорите на
Претседателство на организацијата
на ICOLD за приближување на
помалку развиените земји кон
современите трендови во оваа
проблематика, зашто мерките што
се преземаат за намалување на
климатските промени треба да
бидат применети во сите змеји.
Значајно е да се напомене дека
во контактите со учесниците
на конференцијата, што биле
претходно во Македонија, сите
имаат позитивно и многу добро
мислење за организацијата и
работата во областа на сигурноста
на браните во Македонија.
Меѓународните конференции се
добра прилика за презентирање
на Македнија и контакти со
авторитети од соодветна
проблематика и поради тоа треба
да се практикуваат во иднина.

 

м-р Славко Милевски, дипл.град.инж.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top