Сите заинтересирани за прочуената куќа Hollyhock House на Френк Лојд Рајт, сега имаат онлајн пристап на целокупната документација и тоа бесплатно.
Шест месеци откако објектот е прогласен за културно наследство на УНЕСКО, Одделот за култура на градот Лос Анџелес ја направи пристапна обемната дигитална архива за оваа куќа, за која проектот е направен 1918. година. Воедно ова е и прв објект на модерната архитектура во Лос Анџелес кој се наоѓа на листата за светско културно наследство.
„Сите кои се заинтересирани за работата на Френк Лојд Рајт, можат да ги погледнат документите кои досега беа достапни само на експертите“, истакнува Jeffrey Herr, кустосот на Hollyhock House.
Преку 500 цртежи и скици на историската документација прв пат се јавно достапни, сега може да се надополни истражувањето на објектот, кое досега беше можно само за време на разгледување на куќата.
Благодарение на онлајн документацијата, сега е можен увид во многубројните архитектонски детали и цртежи на мебел, како и проекти за реновирање, реставрација, кои се вршеле со текот на годините на имотот со површина од 14.4 хектари, пишува Archpaper.
Дигиталната архива може да се види на следниот линк.
Подарок на градот
Прочуениот објект на Рајт граден е од 1919. до 1921. година во наслебата East Hollywood во Лос Анџелес за богатата наследничка на Barnsdall Oil Company, Aline Barnsdall.
Првобитната намера на Aline Barnsdall била куќата да биде дел на уметничкиот и театарски комплекс на имотот познат како Olive Hill, но поголемиот проект никогаш не бил завршен. Ова бил втор проект на Рајт во Калифорнија и што било нетипично за него, не бил во можност лично да ги надгледува градежните работи, поради тоа што во тој период бил преокупитан со проектирање на хотелот Imperial во Јапонија. За многу работи поврзани околу куќата гo ангажирал својот помошник Rudolph Schindler.
Трошоците за изградбата и за одржувањето на куќата биле големи и Barnsdall во 1927. година ја подарува куќата на градот Лос Анџелес, под услов California Art Club да го користи објектот како свое седиште, преку петнаесетгодишна закупнина. Откако клубот во 1942. година се преселил на друга локација, местотот е преименувано во Barnsdall Park и отогш е домаќин на бројни случувања и иаложби.
Куќата со години се користела како уметничка галерија и како објект на United Service Organisation (USO). Почнувајќи од 1974. година градот спонзорирал низа реставрации, но објектот е оштетен во земјотресот во 1994. година. Повторно е обновена и отворена за јавноста во јуни 2005. година.
Hollyhock House во 2007. година е прогласена за национално историско обележје и таа е седмото место во градот Лос Анџелес што ја добило оваа ознака. Куќата беше вклучена во списокот на „десет најдобри куќи“ во Лос Анџелес во анкетата на експерти во Los Angeles Times во декември 2008 година.
Во јануари 2015. година беше објавено дека по обемно реновирање куќата ќе биде отворена за јавност во февруари. Тоа било настан кој се одвивал навечер, многумина чекале за влез во повеќе од три часа.
Во јули 2019. година куќата Hollyhock, заедно со уште седум објекти од САД е додадена на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, ова беше прв пат организацијата да ја препознаеа модерната американска архитектура.