Куќата е дизајнирана од познатиот мексикански архитект Хавиер Сеносиин, познат по својата органска архитектура. Некои од неговите проекти се зачудувачки домови инспирирани од појава на школка, цвет, печурка, како и целосно неверојатни згради кои личат на змија и ајкула.
Оваа необична куќа е уште еден типичен пример за органска архитектура затоа што неговата форма е земена од природата и влијанието што тој го има врз природата е минимално. Куќата навидум е нурната во природното опкружување и не го нарушува изгледот на пејзажот. “Зелената дина е обвивка околу ентериерот, што ја прави речиси невидлива. Сè што може да се види однадвор, е трева, грмушки, дрвја и цвеќиња. Одејќи низ градината, ние всушност шетаме на покривот на куќата, дури и не забележувајќи го тоа”, вели архитектот.
Земјата и тревата што ја покриваат куќата ја штитат од сонцето, ветерот, мразот и времето. Ова го спречува материјалот од кој е конструиран да се шири и собира, а со тоа и појава на пукнатини и влага во куќата. Наспроти она што може да се очекува од подземниот објект, оваа куќа е посветла и сончева од традиционалната. Со овој вид куќа, прозорците можат да бидат насочени во која било насока, со куполи што овозможуваат да навлезе сончевата светлина одозгора.
Одлична вентилација е постигната и благодарение на аеродинамичниот облик на куќата што овозможува слободна циркулација на воздухот низ просториите.
Речиси целата куќа – од sидови, подови, тавани, до вграден мебел, е изработена од фероцемент, која е обложен со мешавина од кршен мермер и бел цемент.
Скулптурниот ентериер е составен од простории кои се течно поврзани меѓусебно. Во форма на школка од кикирики, куќата се состои од две поголеми овални простории кои се поврзани со тесен ходник. Овие простории исто така формираат дневна и ноќна површина: едната просторија е наменета за собирање и јадење и содржи дневна соба, трпезарија и кујна, додека на другиот крај е спална соба со бања.
Необичната дневна соба е опремена со долг тросед исполнет со полиуретански топки, благодарение на што софата е обликувана според лицето што седи. Наспроти тоа, стои атрактивна фотелја дизајнирана од мексиканскиот уметник Педро Фридберг.
Тунелот води кон спална соба со бања и гардероберот, кој е сместен во овалните вдлабнатини во ѕидовите.