Насловна / Вести / Се затвора најстарата француска нуклеарка

Се затвора најстарата француска нуклеарка

Реакторот број1 во нуклеарната централа Fessenheim, минатиот викенд, ги испушти своите последни електрони во француската електрична мрежа и беше исклучен по 43 години работење.

Ова е прво трајно исклучување на нуклеарен реактор во Франција, која моментно има дури 58, а исклучувањето на вториот реактор во оваа нуклеарна централа е најавено за 30 јуни 2020 година.

nuklearka

Затворањето на нуклеарната централа го покрена прашањето за балансирање на моќта во регионот и наметна потреба да се пресмета надоместокот што треба да се плати на ЕДФ и Германија и Швајцарија, кои поседуваат 17,5 отсто и 15 отсто соодветно на електраната. Покрај тоа, за затворањето на нуклеарната централа, исто така, е потребна државна поддршка за 650 работници во електрани и повеќе од 2.000 дополнителни работници кои ги губат работните места.

Исклучувањето на централата беше најавено уште во 2016 година, а потоа беше одложено за 2017 година. Но, конечната одлука му беше препуштена на Емануел Макрон, кој го потпиша решението за „одземање на лиценцата за нуклеарна централа Фесенхајм во сопственост на ЕДФ“ на 19 февруари 2020.

nuklearka1

Поддржувачите на нуклеарната енергија сметаат дека исклучувањето на нуклеарниот реактор е лоша одлука во време кога борбата против климатските промени е главен приоритет.

Но, затворањето на нуклеарната централа Fessenheim е само првиот чекор во енергетската стратегија на Франција, чија цел е постепено да се затворат нуклеарните реактори и да се зголеми неговиот удел на електрична енергија од обновливи извори.

Франција сака да го намали својот удел во нуклеарната енергија, која во моментов е најголема во светот со 75 отсто. Според објавата на Макрон за 2018 година, вкупно 14 од вкупно 58 нуклеарни реактори треба да бидат затворени до 2035 година. Нуклеарните реактори Фесенхајм се првите два, а преостанатите 12 ќе се затворат во периодот 2025-2035 година од кои четири до шест до 2030 година.

Испрати коментар

Scroll To Top