Поради појавата на COVID-19 Корона вирусот во Македонија, протестот „Балканот бара чист воздух“ кој беше закажан за утре, заедно со Fridays For Future Скопје се одложува до крајот на епидемијата.
“Нашата главна цел е заштита на здравјето на граѓаните, а тоа се подразбира и од други извори што не се загадувањето. Многу труд и координација влезе во организирање на ваков настан, но вашата безбедност е на прво ниво! Ова нема да е последниот ваков настан, и утре во 18 часот бидете на Facebook, бидејќи сепак ќе има нешто посебно што го организираме во име на Балканската борба против загадувањето!“, велат организаторите.